Францускиот претседател Емануел Макрон им одговори со зборовите: „Во право сте” на потписниците на петицијата на „жолтите елеци”.
Петицијата повикува на намалување на цените на горивата на бензинските пумпи, и досега е потпишана од повеќе од еден милион луѓе.
-Почитувани, зголемувањето на цените на горивата сте го доживеале како камшикување и одлучивте да реагирате со петиција. Ја слушнав вашата порака и ви одговарам директно: Во право сте, изјави Макрон за петицијата потпишана од 1.15 милиони луѓе и емитувана на страницата на Change.org.
Францускиот претседател рече дека акцијата против климатските промени е „неопходна борба” и додаде дека еколошките проблеми во врска со крајот на светот и финансиските проблеми на граѓаните кон крајот на месецот не треба да бидат во конфликт.
Тој додаде дека по 18 месеци на власт, промените што се спроведуваат сè уште не се доволно видливи.
Макрон потсети дека владата ја повлече одлуката за зголемување на цените на горивото и додаде дека во текот на зимата нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на гасот.
Францускиот претседател од ноември се соочува со најголемата криза откако беше формирано движењето „жолти елеци”, кое се мобилизира на 17 ноември со разни акции и протестите во саботата, незадоволни од општата државна политика.