Британскиот премиер Кир Стармер по самитот во Лондон изјави дека секој нов договор за поддршка на Украина мора да се заснова на сила и дека сите земји мора да преземат одговорност и да придонесат според своите можности.
Нашата почетна точка мора да биди ставање на Украина во најсилна можна позиција до сега, наведе британскиот премиер.
Тој истакна дека на Самитот се договорени четири клучни чекори:
Да продолжи воената помош за Украина додека трае војната и дополнително да се интензивира економскиот притисок врз Русија;
Секој траен мир мора да го гарантира суверенитетот и безбедноста на Украина, а Киев мора да учествува во сите мировни преговори;
Во случај на мировен договор, европските лидери ќе работат на одвраќање на Русија од какви било идни инвазии врз Украина;
Да се создаде коалиција, која ќе биде подготвена да ја брани Украина и да гарантира мир.
Стармер повтори дека во овој момент клучно е европското единство и оти само со заеднички напор може да се осигури безбедна иднина за Украина и за целиот континент.
Но, тој посочи и дека договорот за Украина мора да има поддршка од САД.
– Да бидам јасен, се согласувам со Трамп за итната потреба за траен мир. Сега тоа мораме да го оствариме заедно, наведе Стармер.
Според него и „Русија мора да биде дел од договорот, но нема да може да диктира поставува услови. Инаку нема да имаме никаков напредок“.
Тој предупреди дека секој постигнат договор мора да се брани.
На средбата учествуваа претседателите на Украина, Финска и на Франција, Володимир Зеленски, Александар Стуб и Емануел Макрон, премиерите на Полска, на Шпанија, на Данска, на Холандија, на Шведска, на Норвешка, Чешка, Италија и Канада (Доналд Туск, Педро Санчез, Мете Фредериксен, Дик Шуф, Улф Кристерсон, Јонас Гар Сторе, Петр Фијала, Џорџа Мелони и Џастин Трудо), германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Зеленски по Самитот, што го организираше по вербалниот судир помеѓу американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс и украинскиот претседател во Белата куќа, пристигна на имотот Сандрингам во Норфолк, каде има средба со британскиот Чарлс Трети.