Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонија пат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.

За назначувањето на функцијата заменик-директор информираше самиот Шуковски на неговиот фејсбук профил.

– Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена, напиша Шуковски.

Разрешувањето на Сашо Дранго доаѓа откако пред околу два месеца беше објавена фотографија на која тој позира со убиена мечка, што предизвика реакција од невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“. Дека итно ќе биде разрешен и повикан на одговорност доколку се утврди неговата вина најави и премиерот Христијан Мицкоски, а Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет по допрен глас на кој уште работи.

Фото: Фејсбук профил на Шуковски