Извесен Игор од Скопје на бугарска ТВ раскажа како осознал дека бил Бугарин од дружењето со неговиот духовник отец Партениј, во неговиот кабинет во Бигорскиот манастир.
Бугарскиот пропаганден рецепт за „брзо осознавање“ е како еден поранешен случај од Битола, во кој исто така извесен граѓанин добил книги и почнал да ги чита. Една ноќ читал, па друга и оп изутрината се „разбудил како Бугарин“.
Бугарската пропаганда, не само со пасоши, туку и со „книги за осознавање“, е засилена и во Република Македонија, како и меѓу Македонците во Албанија и Косово, но нивните „рецепти“ не минуваат и кај Македонците во Егејска Македонија. А Македонците од Пиринска Македонија и натаму чекаат да бидат спроведени бројните пресуди од Судот за човекови права во Стразбур за кршење на нивните права во Бугарија.
Во видеото може да ја слушнете целата приказна на Игор од Скопје за бугарската ТВ.
Видеото може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)