Страшо АНГЕЛОВСКИ

Основното прашање кое се поставува деновиве е – кој бега од мирот во Украина?

Прашањето може да се постави и поинаку – кој и понатаму ја форсира војната во Украина; кој не прифаќа договори за мир; кому му требаат уште мртви на бојното поле иако исходот на војната е се’ поочигледен; кому му требаат уште многу испораки на оружје во Украина; кој…

Одговорот, доколку го сублимираме во една реченица, е многу едноставен. Бидејќи, според уругвајскиот новинар, писател и романсиер, Едуардо Хјуз Галеано, од крајот на минатиот век  “светот е организиран според воената економија и културата на војната“, од мирот бегаат сите оние кои веќе триесеттина години во униполарен либерално-марксистички поредок, предизвикаа десетици војни заради корпорациско владеење со светот; оние, за кои, според зборовите на Медлин Олбрајт, “смртта на туѓите деца во воена агресија, е цената за создавање империја“.

Но, да одиме по ред.

Прв, кој во обидот да спаси “жива глава“, бега од мирот, е инсталираниот комедијант, сега веќе нелегитимен претседател на Украина, Владимир Зеленски. Бега, затоа што за него мирот не е опција, бидејќи е инсталиран токму за да ја предизвика и што подолго да ја води оваа војна. Човек, за кој се говори дека веќе има повеќе од милијарда долари на сметки надвор од државата, недоброј луксузни имоти, приватни авиони и што уште не; човек кој заедно со своите соработници, од Украина направи најкорумпирана држава во светот; човек кој веќе одобри мобилизација на деца од 18 години и нивно испраќање на фронт; човек под чие автократско владеење се забрани говорењето на мајчин јазик на дел од украинското население, се забрани слободно исповедање на православната вера, се забранија опозициските партии и нивни членови се најдоа во затвор, се одселија десеттина милиони украинци и згаснаа повеќе од еден милион млади животи…

Тој и таков автократ е повеќе од убеден дека само со продолжување на непотребната, однадвор испровоцирана војна, се продолжува неговото владеење, неговото натамошно коруптивно богатење и, “отплаќање“ на неговиот долг кон оние кои го инсталираа.

Втори се членовите на американската демократска партија, како либерални марксисти, извршители на наредбите на владетелите од сенка, кои преку убедливата победа на Доналд Трамп, беа брутално поразени од нормалната, пристојна Америка. Оние кои целосно го инсталираа системот на корупција од највисоко ниво, од претседателот Бајден и неговиот син, до последниот бирократ во сите државни органи. Оние кои преку Викторија Нуланд и нејзиниот телефонски диктат на американскиот амбасадор во Киев за состав на новата украинска влада, го иницираа крвавиот Евромајдан, како вовед во крвавата војна која ја замислија како “стратегиски пораз“ на Руската Федерација.

Токму за нив мирот е пораз кој не смеат да си го дозволат и, со сите сили, посебно преку нивните европски либерални инсталации, ќе сторат се’ војната да продолжи.

Веднаш до нив, а можеби поголемиот дел од нив се наоѓа и во претходната група, се наоѓаат постојаните гости на педофилскиот остров на сега веќе покојниот Џефри Епштајн – од Бил Клинтон, преку стотици истакнати претставници на либералната вулгарно педофилска елита, па се до Тони Блер. Оној Тони Блер, кој како премиер на Велика Британија, лажејќи ја светската јавност дека режимот на Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување, ја иницираше неоправданата брутална агресија врз Ирак и смртта на повеќе од еден милион цивили. Тие и таквите ја поддржуваат војната, сметајќи дека се’ додека таа трае, поразените американски либерални марксисти ќе “купат“ време за да се консолидираат, преку некаков вид “обоена револуција“ да го урнат Трамп и неговата администрација која ги открива сите нивни злодела, од корупција до педофилија и, да се спасат од заслужените казни.

Следни, секако со најголема полза во вид на зелени долари, се оние од воено-индустрискиот комплекс (ВИК), кој полека се проширува на воено-индустриско-конгресен комплекс (ВИКК) и, уште стотиците прематари во САД и Украина кои се нашле во синџирот на продажба на оружје, преку кој синџир исчезнале оние стотици милијарди долари за кои, нели, никој не знае каде се. Тука се и корумпираните бирократи во Пентагон, за кои, еве, се открива дека учествувале во “магијата“ за исчезнување на парите од американските даночни обврзници.

ЕВРОПСКИТЕ КРВОЖЕДНИ ПУДЛИЧКИ

Секако, оние кои не само што бегаат од мирот, туку, по секоја цена сакаат да ја продолжат бесмислената војна, се европските корумпирани либерални инсталации, во вид на премиери и претседатели на одредени европски држави, како Кир Стармер, Емануел Макрон, Доналд Туск. Кон нив, водени од зборовите на Медлин Олбрајт, жедни за крв од туѓите деца, во случајов украинските, се придружуваат челниците на ЕУ, оние од никого неизбрани, од типот на Урсула фон Дер Лајен и Каја Калас.

Иако подобро од сите нас знаат дека натамошната војна е бесмислена; дека ќе води кон нови непотребни жртви; дека Украина ќе губи се’ повеќе територии додека еден ден не биде освоена цела; дека целиот нивни воен арсенал и контингенти војници дури и утре да бидат испорачани на фронтот, нема да го сменат текот на војната; дека… тие, сосема свесни за последиците, преку комедијантот Зеленски ги ескалираат воените судири.

За да се разбере нивната свесна одлука да разгоруваат веќе изгубена војна, треба да се знае дека е започнат идеолошки судир до истребување и, воспоставување мултиполарен светски поредок во кој ќе нема место за нив. Имено, смртно се уплашени дека, откако Трамп, поддржан од нормалната и пристојна Америка, катастрофално ги порази либералните марксисти во САД и, заедно со неговиот тим, секојдневно ги открива злосторствата кои овие правејќи ги за своја лична корист, ги правеле на штета на сопствениот народ, во следната фаза, ќе тргне кон расчистување токму со нив, со европските инсталирани либерални елити и, дека, нормално, ќе ги открие и нивните злосторства кои овие ги правеле врз сопствените народи.

Единствениот спас за останување на власт која, немилосрдно користејќи пари од криминалната УСАИД и, со помош на платените медиуми и невладини организации, безмилосно ја узурпирале, го гледаат во продолжување на војната и конфронтирање со Американскиот претседател токму на таа тема.

Со ова, сите овие, кои денес бегаат од мирот, сите овие кои, всушност, предизвикаа десетици војни, вклучувајќи ја и онаа во Украина, сега веќе отворено докажуваат дека спрегата на алчноста, неморалот, корупцијата, криминалот и, да не ги заборавиме, двојните стандарди, како знаци за распознавање на либералното владеење, претставуваат рак рана за целата меѓународна заедница и, се закануваат да го уништат човештвото.

ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВИМЕ “ШУТИТЕ И РОГАТИТЕ“

Овде секако спаѓаат и “шутите и рогатите“. Оние кои, низ сите држави каде сакаа да дојдат на власт либералните корумпирани злосторници, инсталирајќи корумпирани и слабо грамотни инсталации како и во Република Македонија, беа, или се’ уште се користат како марамчиња за една употреба. Се користеа како организатори и учесници во шарени или обоени револуции, како инки за гласно проповедање на либералниот марксизам, како уништувачи на традицијата, верата, семејството, нацијата, како уништувачи на дечињата и пропагатори на воук и педофилска агенда.

И денес, токму тие, кои беа подготвени “очи да ви ископаат“ доколку само прошепотите нешто против САД, која преку криминалната организација на УСАИД и “филантропскиот“ криминалец и измамник, штредро ги наградуваше за нивната антидржавна активност, се најголемите поддржувачи на европските планови за продолжување на војната во Украина. Истовремено, токму тие се најголемите противници на мировниот план на Трамп и, воопшто, противници на самото постоење на Трамп и неговата администрација.

Во суштина, нивното квичење и лелекање против администрацијата на Трамп е од идеолошка природа, бидејќи тој и нормалната, пристојна Америка ги поразија нивните ментори, ги секнаа криминалните пари за нив и, најавуваат и кривична одговорност за нив доколку се докаже каква и да е корупција или криминал со парите од американските даночни обврзници.

Истовремено, не знаејќи да преживеат без туѓи криминални пари, ги поддржуваат налудничавите европски идеи за продолжување на воените судири, потпикувајќи им се во скут на европските корумпирани инсталации, како би добиле пари од нивните либерални криминални фондови. Згора на се’, сметаат дека војната во Украина е гарант за нивното антидржавно џаболебарско постоење.

П. С.

Откако Илон Маск, како извонредно близок соработник на американскиот претседател, на социјалните мрежи му понуди амнестија на Зеленски доколку соработува во воспоставувањето мир, овој, експресно ја “смени плочата“ и е подготвен да се извини и да го потпише договорот понуден од Трамп. Дали амнестијата ќе значи и негова позиција на “заштитен сведок“, односно на човек кој ќе ги пушти низ вода сите негови наредбодавачи и учесници во криминалот и корупцијата, без разлика од која држава доаѓаат, останува да видиме.

Тоа, во секој случај, ќе внесе уште поголема нервоза кај сите либерални елити замешани во организирање, спроведување и поддршка на војната во Украина, преку криминал, корупција, лично богатење и работење на штета на сопствените народи.

Деновите на мир, но и деновите на интересна разврска се пред нас.

(авторот е Претседател на МААК)