СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОТРЕСЕ ИТАЛИЈА: Јачина од 5 степени според Рихтер, епицентарот лоциран на 13 километри од Фоџа

/ 14.03.2025

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20:37 часот во Италија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 13 километри од Фоџа.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.


Од истата категорија