Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка“ во Општина Студеничани, информираат од владата.
Проектот е од првиот јавен повик на Владата во вредност од 63.537.537,78 денари, од кои учеството од страна на Министерство за транспорт изнесува 59.205.825 денари, а кофинансирањето на општината 4.331.712,78 денари.
Во 11:15 часот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.