Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги информира членовите на партијата дека ги одложува внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Партиските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа, се вели во објавата на СДСМ.
СДСМ ги одложи изборите закажани за денеска поради трагедијата во Кочани
