Според информацијата што ја изнесе министерот Панче Точковски, во врска со трагедијата во Кочани, приведен е поранешен државен секретар во Министерството за економија и поранешен и сегашен раководител на сектор во истото Министерство.

Нивното приведување, според Тошковски е поврзано со издавање на нелегални лиценци во 2024 години, за кои постои сомневање дека се издадени на коруптивен начин.

Според информации на Курир од извори во истрагата дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку анврати била одбивана за таков тип на дозвола.

На лиценцата е потпишана Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши.

За потсетување, Бектеши станува министер за економија во Владата на Зоран Заев во 2017-та година, беше близок и со Ковачевски.