1. Ова не е политичка битка, туку борба за правда и одговорност.
Владата не смее да дозволи трагедијата да биде злоупотребена за партиски пресметки. Ова не е конфликт меѓу партии, туку борба за вистината, за одговорност и за целосно расчистување на случајот. Ова е битка на чесните против нечесните, на оние кои сакаат држава со ред против оние кои ја злоупотребиле.
2. Институциите да дејствуваат веднаш и без компромиси.
Владата и надлежните органи од првиот момент се на терен и преземаат конкретни мерки. Премиерот и министрите ја надгледуваат акцијата, а институциите работат со целосна мобилизација за да ги утврдат сите факти и да обезбедат правда. Преземени се првите чекори за справување со последиците.
3. Секој што има одговорност да одговара – без разлика на функцијата и припадноста.
Да се утврди одговорност за сите кои дозволиле објектот да работи без соодветни дозволи. Владата мора да обезеди да нема заштитени, а законите да важат за сите. Ова мора да важи за сите без разлика од која институција, партија или професија доаѓаат.
4. Безбедносните стандарди да се заострат за никогаш да не се повтори ваква трагедија.
Владата да ја реализира најавената темелна ревизија на сите угостителски објекти, ноќни клубови и сали за настани. Да се воведат построги регулативи за противпожарната заштита и лиценцирањето на објектите.
5. Државата да обезбеди поддршка за семејствата на жртвите и повредените.
Владата веќе донесе мерки за финансиска, медицинска и психолошка помош за семејствата на загинатите и повредените.
6. Истражната постапка е во тек и ќе биде транспарентна.
Владата гарантира дека истрагата ќе биде детална и објективна. Сите информации да бидат јавно објавени, а граѓаните да ја дознаат целата вистина. Досега е потврдено дека објектот работел со фалсификувана лиценца, издадена за мито од 200.000 денари.
7. Македонија мора да извлече поука од оваа трагедија.
Владата да не дозволи оваа несреќа да биде заборавена по принципот секое чудо за три дена. Ова мора да биде момент на промена, кога државата конечно ќе стави крај на корупцијата, неодговорноста и злоупотребите во јавниот сектор.
8. Кривична и морална одговорност.
Одговорноста да не биде само формална. Секој што носел погрешни одлуки да се соочи со последици. Владата да демонстрира принципиелност и јасен став дека корупцијата нема да биде толерирана.
9. Системот мора да се ресетира – ова е борба против чудовиштето што ја проголтува Македонија.
Корупцијата и злоупотребите со години ја поткопуваа државата. Оваа трагедија е последен аларм – или ќе го срушиме овој систем, или тој ќе нè сруши нас. Владата мора да биде решена на радикални промени.
10. Меѓународната заедница ја поддржува акцијата на Владата.
Бројни држави изразија поддршка и подготвеност за помош. Владата соработува со меѓународни партнери за да се обезбеди најдобар можен одговор на оваа трагедија.
11. Од Владата се очекуваат храбри и одлучни чекори во наредните денови.
Владата најавува нови мерки за реформа на институциите и целосна пресметка со корупцијата. Некои од овие одлуки може да бидат неочекувани, радикални или шокантни, но се неопходни за промена на системот.
12. Граѓаните заслужуваат правда, а Владата да ја обезбеди.
Ова не смее да биде уште еден случај каде што институциите не реагирале. Владата да осигура дека секој одговорен ќе биде санкциониран, а државата да направи сè за безбедноста на сите граѓани.
13. Владата да не дозволи политички игри на грбот на трагедијата.
Опозицијата вчера се обиде да го искористи овој момент за политички напади. Ова не е време за калкулации, туку за единство и одговорност.
14. Ова е пресвртница – државата да докаже дека владее правото.
Владата мора да е подготвена да спроведе сеопфатни промени за да ја врати довербата во институциите и да стави крај на неказнивоста.
Р.Д.