Странски сили, меѓу кои Русија, Кина и Иран се обидувале да влијаат во американските избори. Засега нема какви било докази за упад во американскиот гласачки систем, објавија властите.
Директорот на американската разузнавачка служба Дан Коутс додаде дека разузнавачката заедница проценила дека нема странско влијание врз изборните резултати. Тие заклучоци се во извештај што Коутс ги поднесе до американскиот претседател и американски агенции вклучени во озбезбедување на изборите што беше побарано со извршна наредба на Трамп од септември.
– Во овој час разузнавачката заедница нема разузнавачки извештаи кои укажуваат за какво било компромитирање на инфраструктирата на нашите национални избори со кое би се спречило гласање, менувал бројот на гласови или попречувала можноста за броење гласови, изјави Коутс за извештајот за изборите.