На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева со д-р Игор Мерџановски и министер за образование и наука Весна Јаневска.

Во изјавата Митева истакна дека ќе ги даде информациите за работата на Државен Пазарен Инспекторат и до каде е со превземените активности заклучно со вчерашниот ден.

-Вкупно 82 контроли со записник, имаку се многу повеќе за кои што сеуште трае анализата и контролата, рече Митева.

-По Закон за угостителска дејност, тука се вклучени сите, кабаре, дискотека, надзори под Закон за угостителска дејност на цела територија. Состојбата е следна: Од 23 со лиценца констатирано е дека досега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изгодтуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценца и че бидат издадени решениза за забрана за вршење на дејност, изјави портпатолот на Валадата, Марија Митева.

„Кај пет правни субјекти коишто се регистрирани како кабаре, диско и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период, сакам да информирам дека се издадени решенија за забрана на вршење на дејност.

„Кај останатите 41 кафич-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затворања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог“, изјави Митева.