Се прослави како првата македонска раперка, а секоја песна беше хит во деведесетите. Станува збор за Ена Веко, чие вистинско име е Елена Домазетовска. Таа денес живее во Австралија и изгледа сосема поинаку од времето кога речиси секоја песна ѝ беше хит.

Елена последен пат во Скопје беше летово, а фотографија на социјалните мрежи објавија нејзините пријатели. По завршувањето на средното училиште, таа замина во Сиднеј, каде што и денес живее.

Ена Веко сними еден албум,  „Бубачки и градски ѕверки“, а х хитови кои останаа се, „До кога вака“, „Опера хаус“, „Царевата ќерка“, „Признавам-не признавам“. Песни за неа ги напиша композиторот и продуцент Тоше Поп-Симонов.

Ена настапи и на фолк-фестивалот „Цветници“ заедно со  покојниот фолк-пејач Мирко Митревски и со групата „Академци“.