Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач се изрази позитивно на адреса на играта на тимот при победата од 3-0 на гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт.
Хрватскиот стратег веќе гоостави зад себе слабиот старт на чело на баварците, а сега по втор пат во рамките на сезоната го победи својот поранешен клуб, откако го изведе тимот од Минхен до убедлив триумф во натпреварот за Суперкупот на Германија.
– Задоволен сум, освен од првите 20 минути. Настрана тоа, игравме навистина добро. Во почетокот не успеавме да го запреме нивниот контранапад и направивме неколку грешки, но потоа го спроведовме она што го имавме во план. Пасовите беа брзи, се потпревме на игра со малку допири и така не дозволивме на Ајнтрахт да не притиска. Во последните неколку натпревари сме многу добри, токму како што треба да изгледа Баерн, прокоментира Ковач по успехот на „Комерцбанк Арена“.
Трите бода во Франкфурт го искачија Баерн на второто место пред зимската пауза. Клубот од Минхен има 36 поени, додека лидерите на табелата Борусија Дортмунд се со 42 поени