Владите на ВМРО-ДПМНЕ дават секогаш поголема можност за афирмација на етничкиот ромски идентитет. Сметам дека можеме да бидеме многу поуспешни. Мислам дека на нас, на ромската заедница ни недостасува созревање, во однос на консолидирање на нашите редови, изјави Мустафа.

Владата е комотна, водечката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиерот креираат силни државнички политики, вели заменик министерот

-Овој состав на Влада, кој што е комотен, имаме доста задачи пред нас кој што секојдневно, мораме да решаваме задача по задача и мора да се престројуваме во европското семејство, каде што ние е местото. Овие силни и државнички политики кои што ги креира водечката партија, ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Мицкоски, сметам дека ќе донесе една нова страна во историјата на нашата држава. Ќе пренесе силни сигнали и препораки до ЕК, дека нашето семејство е во тој круг на семјство и немаме друга алтернатива освен да се престојуваме во тој европски вагон со силен реципроцитет во однос на нашата поставеност, не со поклони, но силен државнички реципроцитет и исполнување на критериумите за кој што имаме апсолутно силен и стручен кадар и квалитетни министри кои што креираат такви секојдневни политики, вели Мустафа.

Целото гостување на заменик министерот Неџдет Мустафа погледнете го во продолжение: