Шефот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во наплив на искреност, објаснува за неговите почетоци во школувањето во прво одделение.

– Цел месец во прво одделение в училиште одев со баба ми и седевме во иста клупа. И еден ден ми вели, сега можеш да одиш сам, и ме оставија. Но, не ми се одеше в училиште… раскажува Бислимовски.

Тој кажа дека бил многу приврзан со бабите како и со мајка му која била судијка, ја прекинувал во работата и како дете се пикувал под бирото кај нејзе.

Видеото и пошироко приказната на Бислимовски може да ја погледнете ТУКА.