Она што досега не било помислено да се направи, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе на почетокот на мандатот го направи. Со реорганизација на министерствата, се оформи и новото министерство за дигитална трансформација.
Дигиталната трансформација не е само хартија да стане електронски признат документ, туку опфаќа и дел од борбата против корупцијата и криминалот.
Една од најважните проекти на министерството е реконструкција на националниот портал uslugi.govmk, кој е достапен да секој граѓанин или бизнис-заедница, има за цел да секој оној којшто има потреба од некаков документ, дозвола или уверение, истиот да го добие онлајн за само неколку минути. Денес, секој електронски документ кој е испечатен е валиден во таа форма и може да се користи исто како оригинален документ.
Граѓаните, но и бизнис секторот, веќе подолг временски период, на онлајн националниот портал на кој се достапни над 300 услуги, можат да добијат услуги од МВР, АХВ, Катастар, УЈП, ПИОМ, министерство за култура и туризам, министерство за правда, РКЕ и други.
Формиран е и проектот кој е финансиран од ЕУ за Национален центар за побезбеден интернет, чија цел е сите побезбеден интернет простор за сите граѓани. Исто така, многу важно е да се напомене дека во собраниска процедура е и првиот Закон за сајбер безбедност, кој ќе ги штити институциите и граѓаните од најактуелните напади, а тоа се интернет/сајбер напади.
Се работи и на дигитализација на локалната самоуправа со цел поврзување на локалните институции со државните и обратно. Во таа насока, отворени се нови точки на услуги во Јегуновце, Аеродром и Штип, а постоечките се во напредна фаза.
Се работи на бесплатни Ви-фи зони во студентските домови и на услуги кои им се потребни на студентите. Се отвори и првиот иновациски хаб во Македонија, ИННОФЕИТ – ЕДИХ, кој ќе претставува троен мост меѓу академскиот и јавниот сектор и Владата.
За разлика од минатото, се вложува во дигиталната писменост на граѓаните и олеснување на потребите на истите. Наместо гужви по шалтери, земање слободни денови, граѓаните веќе имаат можност да си добијат услуга директно на својот електронски уред, брзо и ефикасно!