Полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, вчера околу пладне во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, Струшко.

Како што соопшти МВР, приведениот возач со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.

По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“.

Неготинец украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода неготинецот С.Д.(28) рано изутрина во 04.20 часот, на локалниот пат кон село Курија, Неготинско.

Како што соопшти МВР, С.Д. украл патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано пред домот на сопственикот и потоа со возилото на локалниот пат кон село Курија, излетал од коловозот.

-Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото со 0.72 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, посочуваат од МВР.

Приведен возач од Крива Паланка, летал со брзина од 142 км на час

Вчера во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час, соопшти МВР.

Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Приведен росоманец: Возел пијан, излетал од пат и удрил во бандера

Денеска во 02 часот на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман.

В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.