Американскиот државен секретар Марко Рубио ги демантираше информациите објавени од „The New York Times“ за плановите на американската влада да ги намали активностите на Стејт департментот и да затвори голем број дипломатски претставништва во Африка.
„Ова се лажни вести. „New York Times“ стана жртва на уште една новинарска измама“, напиша Рубио на платформата X.
„Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на документ од 16 страници што го видел, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп следната недела би можел да потпише извршна наредба со која ќе се намалат активностите на Стејт департментот на африканскиот континент и ќе се затворат бројните „небитни“ амбасади и конзулати.
„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Стејт департментот развил план за затворање на десетина американски конзулати и отпуштање на многу странски функционери во своите мисии ширум светот, што, според весникот, може негативно да влијае на собирањето разузнавачки информации и на надворешните односи на САД.