Мајк Волц, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, денес изјави дека САД и Украина ќе постигнат договор во врска со ретките минерали и дека разговорите продолжиле во текот на викендот.
„Ќе се постигне договор со Украина“, изјави Валц за „Фокс њуз“.
Според него, преговарачите работеле напорно во текот на викендот. На 17 април, украинската и американската страна потпишаа меморандум со кој се потврдува заедничката желба за склучување на заемно корисен договор за економско партнерство меѓу двете земји, а самиот договор сè уште не е финализиран и ратификуван од парламентите на двете земји.