Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот, туку потребно е зборовите да ги преточиме во дела. Денеска говореа делата и покрај градежните активности на делниците Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола кои напредуваат, отпочнуваме со градежни активности и на Тетово-Гостивар, напиша на Фејсбук директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски.

Според него, веќе се чувствуваат и економските придобивки од градежните активности зашто околу 60 отсто од изведувачите на изградбата на автопатите се локални компании, како и повеќе од 90 отсто од подизведувачите.

-Граѓаните заслужуваат да возат по модерни, брзи и безбедни патишта, патишта што значат заокружување на европската патна инфраструктура, перспективи, избор на економски просперитет, наведува Трајановски.

На почетокот на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерите Александар Николоски, Изет Меџити и Љупчо Димовски, како и американската амбасадорката во земјава Анџела Агелер.