Зад бруталната јавна егзекуција што го потресе градот се крие морничава приказна за КРВНА ОДМАЗДА, тврдат ексклузивни извори на ТВ Стар!

Наводно, 21-годишен турски државјанин, идентификуван како К.К., СПЕЦИЈАЛНО допатувал од Адана, Турција, за да го изврши ладнокрвното убиство! Кои се ШОКАНТНИТЕ детали од неговата подготовка и како успеал да набави оружје за овој грозоморен чин?

Според ексклузивните информации кои ги објави ТВ Стар, најверојатната верзија зад мотивите за убиството на Градскиот плоштад во Штип е крвна одмазда.

Се верува дека 21-годишниот К.К., државјанин на Турција, пристигнал во Македонија пред околу десет дена со директен лет од Адана за Скопје, со единствена цел да го изврши убиството.

Изворите на телевизијата наведуваат дека осомничениот во Скопје успеал да набави пиштол со калибар од 9 милиметри, за кој платил 1.100 евра.

Оружјето било со избришани податоци за моделот и серискиот број, што укажува на илегално потекло. Со помош на свои пријатели, К.К. бил сместен во Скопје, каде, наводно, детално го испланирал целиот напад пред да се упати кон Штип за да ја изврши јавната егзекуција.