Македонската машка сениорска ракометна репрезентација пре 6000 навивачи во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во последното шесто коло од квалификаците за Европското првенство 2026 триумираше над Литванија со 26:17. После првото полувреме имавме позитива од 13:11. На тој начин Македонија го освои второто место во групата и обезбеди пласман на континенталниот собир следната година.

Литванците поведоа на стартот со 2:0 со головите на Антанавичиус и Петреикис, ние не реализиравме уште еден напад преку Серафимов чиј удар го одбрани гостинскиот голман. Тоа го казни Литванија со уште еден погодок за веќе 3:0 по скоро шест минути игра.

Неколку наши удари едноставно не влегуваа во литванската мрежа, Кузмановски беше непрецизен, а потоа и Лазаревски, на спротивната страна следуваше уште еден погодок на ривалот преку 88 за загрижувачки 4:0 што го принуди Лазаров да го побара првиот тајмаут.

Го добивме првиот седмерец во осмата минута кој го реализираше Кузмановски за намалување на 4:1. Лазаров знаеше дека одбраната мора да биде подобра, одговорот дојде со првата одбрана на Митревски.

Во следниот напад дојдовме до уште еден погодок преку Ивановски со убав соло продор. Литванија одржуваше предност од три голови разлика, по 13 минути игра беше 6:3.

Следуваше постабилна игра на нашите ракометари кои врзаа неколку голови и се доближивме на минус еден (7:6), а нешто подоцна дојдовме и до израмнување преку Серафимов на 8:8 по што Литванија сега побара минута одмор.

Постигнавме два голови во серија за 10:8, позитива што носи ЕП за нас, а засега немавме решение за расположенио Антанавичиус кој дојде и до петтиот погодок за 10:9. По петтата одбрана на Томовски, следуваше убав погодок на пивотот Маркоски за 11:9. Имавме исклучување од две минути кое го доби Карасманакис. Успеавме да одржиме предност, а на пауза водевме со 13:11.

Добро го почнавме вториот дел со два голови во низа за 15:11, а со погодокот на Џонов веќе имавме 16:12 за радост на трибините. Растеше позитивата, стана и плус пет по реализираниот седмерец на Кузмановски. По еден мал период без погодоци, ние реализиравме преку Џонов за 18:13. Играта во одбраната стануваше се поцврста, Литванците веќе не беа така сигурни во нападот, стигнавме и до плус шест за 19:13 по што ривалот побара нов тајмаут.

Литванците имаа исклучен ракометар, тоа го искористивме и за плус осум преку Јагуриновски за 22:14, а Томовски и натаму блескаше и дојде до 10 одбрана на девет минути до крајот на мечот. Македонија надмоќна се до самиот финиш на мечот, Митев од пенал стрелаше за 26:16 и славјето можеше да почне кај македонските ракометари и кај ракометните и спортските фанови.