Деновиве на покана на министерот за внатрешни работи присуствувам во Обединетите Арапски Емирати, каде што учествувам на Светскиот полициски самит во Дубаи, на кој ќе имам и свое обраќање, објави на неговиот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во рамки на оваа посета, министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот за внатрешни работи на ОАЕ, шеик Саиф бин Зајед ал Нахјан. Тоа е нивна втора средба за кратко време, што е уште еден показател за интензивирање на односите и заемната доверба меѓу двете држави.
-Разговаравме за унапредување на стратешката безбедносна соработка, особено во доменот на борбата против транснационалниот организиран криминал, тероризмот и новите безбедносни закани кои не познаваат граници. Фокусот беше ставен на операционализација на веќе потпишаниот договор за безбедносна соработка, преку формирање на заеднички оперативни тимови и размена на информации. Обединетите Арапски Емирати остануваат еден од нашите партнери во глобалната безбедносна архитектура, а оваа средба е уште еден чекор напред во тој заеднички ангажман, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на фејсбук.
Фото: принскрин
видео: Фејсбук на министерот Панче Тошковски