Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство на Република … Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката.

Во Собранието веќе се лицитира колкумина од петте пратеници ќе останат во Алијанса, предводена од Таравари, а колку од нив ќе преминат во Вреди, но и колкумина од опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, ќе се приклучат кон владејачкиот табор.

Денес пратеничката група на ВЛЕН, без пратениците на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари, испрати официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за промена на координаторот на пратеничката група на ВЛЕН. На барањето се потпишани девет пратеници.

Како што пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик, наместо пратеникот Халил Снопче, за координатор на пратеничката група на ВРЕДИ е избран пратеникот Беким Ќоку кој доаѓа од редовите на косовското движење Самоопределување.

Пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи се избрани за заменици координатори на пратеничката група на ВРЕДИ.

Се уште не е познато колку пратеници од крилото на Таравари ќе продолжат со него во опозициските клупи или ќе останат во редовите на владината коалиција составена од четири партии од албанскиот блок.

За денеска беше најавена и оставката на министерот за здравство, но, како што претходно информира спикерот Гаши, се уште не пристигнала до неговиот кабинет.