Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери ја Франција“ (Choose France), во момент кога локалната економија се соочува со висок дефицит, слаб раст и потенцијални трговски тензии со САД.
Најголемиот дел од оваа сума, околу 17 милијарди евра, веќе е најавен на посебен самит за вештачка интелигенција одржан во февруари. Останатите 20 милијарди евра се однесуваат на нови проекти во Франција во областа на индустријата, енергетиката и дигиталната технологија, кои ќе бидат официјално претставени денеска во дворецот Версај, пред директори на светски компании.
Според информациите што ги пренесува Фигаро, меѓу најголемите инвеститори се германскиот Сименс, јапонскиот Панасоник, американскиот Амазон, како и саудискиот Арамко, кој планира инвестиции во истражување.
Фото: МИА архива