Најмалку 14 луѓе загинаа, а над сто се повредени во невремето што ги зафати централниот и северниот дел на Пакистан по екстремно високите температури на воздухот.
Силен ветер пропратен со громотевици вчера имаше во Источен Пенџаб, во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва и главниот град Исламабад.
Бурата корнеше дрвја и уриваше далноводи. Најголем број луѓе настрадаа под урнатините на зградите, а две лица починаа од повреди здобиени од соларни панели кои беа носени од силниот ветер. Еден маж загина, а тројца се повредени од удар на гром.
Во некои делови на Пенџаб изминатите денови температурата на воздухот се искачи над 45 степени Целзиусови . додека температурите во април достигнаа рекордни 46,5 степени.
Училиштата во Пенџаб и во Балочистан најавија дека летниот училиштен распуст ќе почне порано поради високите температури.