Економските мерки и политики преземени и спроведени од Владата, даваат резултати.

Трет квартал по ред, македонската економија бележи раст на БДП од 3 или повеќе од 3 проценти.

И тоа се случува во период кога еден од нашите најголеми трговски партнери, Германија се соочува со сериозни предизвици, затоа што нејзината економија е во стагнација.

Тоа покажува дека со добро осмислени политики, со визија и со напорна работа, можат да се надминат големите предизвици и да се остварат целите за раст и развој на економијата.

Заложбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, прво за стопирање на слободниот пад на економијата, а потоа и за нејзиниот раст и развој е евидентна и мерлива.

Скоро 11 милијарди денари од Буџетот се вбризгани во македонската економија, преку компаниите коишто работат на изведба на инфраструктурни објекти, од почетокот на годината.

Исто така, од државниот буџет, финансиски средства од близу 500 милиони денари се насочени кон компаниите кои работат на општинските проекти.

Преку Развојна банка на располагање се ставија над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании.

Овие и многу други мерки и политики доведоа до раст на БДП во првото тримесечје од годинава од 3%, како и да го одржи овој раст последователно во три квартали од преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи Владата.

Најголем раст од 7,1% забележуваат угостителскиот и градежниот сектор, што по инвестицискиот циклус којшто следи за изградба на инфраструктурни проекти, како што е изградбата на брзата пруга, градежништвото се очекува да биде главен двигател на економијата.

Значителен раст има и кај стручните и научни технички дејности од 4,8%, информации и комуникации 3,6%, како и индустријата од 2,1 проценти, а преработувачката индустрија од 3,7%.

Изминатиот период, Владата, исто така, беше посветена на отворањето на нови работни места кои доведоа до зголемување на вработеноста, а се зголемуваат платите и пензии.

Овие мерки доведоа до тоа, граѓаните на своето конто да имаат повеќе пари, што се гледа и од зголемувањето на домашната побарувачка поттикната од значителното зголемување на бруто инвестициите за 18% и на личната потрошувачка од 2,1%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со посветената работи за поголем економски раст, кој ќе донесе подобар живот за сите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ