Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Иран „недвосмислено и без сомнение“ не смее да има нуклеарно оружје.
Тајани рече дека оваа порака му ја пренел на израелскиот претседател Исак Херцог, додавајќи дека Израел има право „да го гарантира сопствениот опстанок штитејќи се од нуклеарен напад“.
Тој додаде дека неговиот израелски колега Гидеон Сар му рекол дека одлуката за започнување на операцијата е резултат на разузнавачки информации за Техеран, кои „претставуваат егзистенцијална закана за Израел, регионот и меѓународната заедница“, објави Анса.