М.Т. Андерсон, објави на Твитер една стара семејна фотографија од божиќна прослава и таа стана  хит само поради еден детаљ на неа.

„Ја објавувам оваа стара божиќна фотографија, бидејќи штотуку забележав дека мојата џебна марама е всушност хрчакот на сестра ми”, напиша тој во описот на фотографијата, која ја лајкнаа над 200.000 луѓе.

Фотографијата е споделена повеќе од 35.000 пати, а таа собра и повеќе од илјада коментари. „Ваквите работи се единствената смисла на Твитер”, заклучи еден корисник.