Пратеникот и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски, за пожарот во Кочани, рече:
„СДС нека се обрати најпрвин до Филипче, Заев, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Спасовски, Ахмети и дружината за секое злодело што е направено во државава изминативе 7 години, а за некои и подолго. Истовремено, додека тие посочуваа кабел за виновник за модуларната болница, тука има правда втемелена на наоди на обвинителство и полиција кои работеа, работат и слободно без притисоци. Работат без штитење на функционери како што впрочем Заев на времето го штитеше Филипче, Анѓушев, Артан, Бујар, Блерим, Мерко, Муса, разни внуци, пуцковци, грчевци, барони, арачиновци и други бандитски ликови од други различни партии, етнички групи кои сложно ја уништуваа државата, ги руинисаа институциите и го разочараа и ограбуваа народот.“