Американскиот министер за одбрана Џим Матис одбил понуда на Израел и нивниот премиер САД малку да „олеснат“ околу продажбата на израелски авиони Ф-16 Барак, на Хрватска. Тоа го објави порталот Аксиос повикувајќи се на израелски претставници.
Со тоа практично е пропаднат целиот договор.
– Израелски претставник укажа дека Нетанјаху го повикал Матис пред две недели пред тој да даде оставка и го прашал за олеснување на американските услови за продажба, наведува порталот и додава дека Матис го одбил тоа.
Нетанјаху планирал да го повика и Марилин Хјусон, претседател на Локхид Мартин, но се премислил бидејќи тоа би било залудно.
– Од причини што не ги разбираме, Американците ги засилија своите услови, а ние погрешно проценивме нивна позиција и договор. Практично, бизнисот со Хрватска е мртов и сметаме дека е невозможно да се постигне договор што ќе ја задоволи Хрватска и САД, цитира порталот неименуван висок израелски претставник.
Засега Стејт департментот ниту Кабинетот на израелскиот премиер не ги коментираа тие тврдења. Хрватска требаше да купи 12 авиони Ф-16 стари по 30 години за околу 2,9 милијарди куни (400 милиони евра).