Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и најдобар фудбалер во светот, Лука Модриќ победи во 46.избор за најдобар спортист на Балканот. Тоа традиционално го организира Бугарската новинска агенција – БТА.

Модриќ е втор фудбалер кој ја освои таа награда, а пред него тоа му успеа само на Христо Стоичков во 1994 година.

Во тој избор, Модриќ го победи најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ кој петпати по ред беше најдобар спортист на Балканот – од 2011 до 2015 година. Третото место е за најдобрата тенисерка во светот, Романката Симона Халеп.

Во изборот учествуваа 9 државни новински агенции од Балканот.