Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе одлучи дали да го нападне Иран во следните две недели поради „значителни“ шанси за преговори.

Прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Ливит, на брифинг прочита порака од Трамп, во која се вели дека имало „многу шпекулации“ за тоа дали САД ќе бидат „директно вклучени“.

Ливит не даде детали за тоа што го навело Трамп да верува дека преговорите со Иран се можни.

Трамп вчера изјави дека Иран побарал да испрати претставници во Белата куќа за да преговараат за договор за неговата нуклеарна програма и да го прекинат конфликтот со Израел. Иран негираше дека ќе го стори тоа.