Русија, Кина и Пакистан им доставија на членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации нацрт-резолуција со која се осудува нападот на САД врз Иран, потврди денеска извор од ОН за РИА Новости.
Изворот рече дека нацрт-резолуцијата остро ги осудува нападите на САД врз иранските нуклеарни постројки, кои ги следи Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Во документот се нагласува дека овие напади претставуваат значителна закана за глобалниот мир и безбедност.
Во нацрт-резолуцијата, Руската Федерација, Кина и Пакистан бараат итен и безусловно прекин на огнот и ја нагласуваат обврската на сите страни да ги заштитат цивилите во согласност со меѓународното право.
Документот, исто така, повикува на дипломатско решение и нуди гаранции за мирната нуклеарна програма на Иран во замена за укинување на сите мултилатерални и еднострани санкции.
Извор за РИА Новости изјави дека не се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа за нацрт-резолуцијата денеска, кога ќе се состане за нападот на САД врз Иран.