Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, денес изјави дека, Турција вложува интензивни напори, за да спречи, нападите на Израел и неговите поддржувачи врз Иран, да се претворат во поголема катастрофа.

Ердоган рече дека, официјална Анкара, никогаш не одобрува напади врз иранскиот суверенитет и регионалната безбедност, без разлика од кого доаѓаат, објави државната новинска агенција Анадолија.

-Јасно ја изразуваме нашата реакција, додаде тој.