По повод една година Влада, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, свое обрачање имаше премиерот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во својот говор тој истакна дека процесот на модернизацијата на Армијата е процес кој се реализира со силен интензитет и е поддржано од одбранбениот буџет. Оваа година одвојуваме 32 проценти од буџетот, односно 106 милиони евра што е 18 милиони евра повеќе од минатата 2024 година. Едноставно кажано, модернизацијата нема да запре, туку напротив – ќе се интензивира.

„Се обезбеди зајакнување на армиските капацитети со прием на нови 300 војници, 10 подофицери за потребите на Воздухопловниот ВИНГ и 60 офицери за доусовршување на подофицери. Се исплаќаат заостанатите обврски за процесите кои беа отпонати од минатата власт, изјави Мицкоски.

Воедно Македонија го презеде претседателство на ЕУСАИР во мај 2025 година до мај 2026 година. Се укинаа на визите за влез во Обединетите Арапски Емирати за сите македонски државјани, додаде премиерот.

– Македонија е прва земја од регионот, потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија, што е одраз на одличната и континуирана соработка со Унијата и претставува клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, изјави Мицкоски.