Со приказната за писмото на загрижениот претседател на земјата „Фантазија“, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ја започна средбата со учениците од второ одделение од ООУ „Братство“.

Тој на децата им кажа дека до Владата стигнало писмо од загрижениот претседател и дека бара спас бидејќи на неговата земја Фантазија и се заканува голема опасност и дека може да исчезне и да ја снема.

Во писмото кое беше прочитано од советникот на премиерот Петрит Сарачини на македонски и на албански, претседателот на земајта Фантазија бара спас за јунаците  од детските приказни „Пепелашка“ „Петар Пан“, „Зоки Поки“, „Доктор Офболи“, „Пинокио“, „Хари Поти“ и многу други. Нив, пишува во писмото, им се зканаува опасност бидејќи децата не ги читале повеќе.

За таа цел, премиерот Заев на децата им подари пакетчиња со книги и ги замоли до крајот на годината да напишат расказ или песничка и да ја испратат до Владата, кои пак текстови ќе бидат објавени во една книга која ќе биде подарена до сите деца.