Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната прес-конференција во однос на тоа зошто учениците при уписите во средните училишта освен електронски и физички треба да ги доставуваат потребните документи во училиштата, информира дека ова се прави вака бидејќи сите училишта немаат пристап до електронската форма на пријавување. Очекува следната година овој проблем да се реши.

-Оваа година електронски ќе се врши уписот, а потоа учениците треба да ги достават документите во хартиена форма затоа што сите училишта немаат пристап до електронската форма на пријавување и затоа што не сите и родители се уште се подготвени. Од идната година веќе кога масовно од 1 септември ќе го пуштиме во употреба новиот електронски дневник, односно надградената форма на електронскиот дневник предвидено е училиштата преку нивните системи да ги поврзат сите документи кои ќе им бидат потребни за да може да се запише ученикот, рече Јаневска.

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат 7 нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и 4 нови спортски сали

Министерката се надева дека овој процес ќе успеат да го решат за една година.

-Искрено се надевам дека тој процес ќе успееме да го решиме за една година, затоа што всушност поврзувањето на електронскиот дневник со училиштата се уште во овој момент го тестираме. Тој е пуштен низ цела Македонија и во овој момент немаме никаков проблем. Следната година овој проблем ќе го нема, рече министерката.

Јаневска информира дека оваа година околу 17 илјади ученици се запишани во средните училишта. Потенцира дека чекаат да заврши и вториот уписен рок за да се дознае конечната бројка колку ученици се запишани во средните училишта.

Таа нагласи дека направиле голем чекор во дигитализацијата. Посочи дека ги дигитализирале уписите, сместувањата во студентските домови, стипендиите, студентскиот оброк. Потенцира дека направиле телефонска апликација во која родителите можат да ги следат сите информации од е-дневникот.

Фото: МИА