Колиничењето пред коалициските партнери е одлика на СДС.
Цела македонска јавност беше сведок како СДС коленичеше и збор не изустуваше за криминалот на ДУИ.
Од страв да не им падне власта гледаа и ќутеа како Артан Груби со неговата дружина играа фудбал и кошарка по државните институции.
Го гледаа милионскиот криминалот на Груби и неговиот прв другар Прпарим Бајрами во Државна лотарија, а главата ја вртеа на другата старана, оставајќи ги да пљачкосуваат.
Така да, кога СДС зборува за коленичење, очигледно мисли на себе.
Сега, односот на ВМРО-ДПМНЕ со владините коалициони се заснова на партнерски однос со меѓусебно почитување.
Во однос на наводните дивоградби за Чаир, СДС ако има докази нека ги пријави во надлежните институции.
Ама знаат од СДС дека се е транспарентно и согласно закон, па затоа држат само празни прес-конференции без никава суштина и издржани аргументи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ