Поранешната градоначалничка на Мадрид и уште седуммина поранешни градски официјални лица се осудени на казна од 22,7 милиони евра поради продажба на јавни станови под пазарна цена на американски инвестициски фонд во 2013 година.
Ботела, која е членка на конзервативната Народна партија, одобрила продажба на 18 недвижни комплекси на фирма во сопственост на инвестициска компанија Блакстоун со седиште во Њујорк без јавен тендер, техничка документација и почетна цена, наведено е во пресудата од суд во Мадрид.
Блакстоун со малверзациите се стекнал со право врз 1.860 станови и нешто повеќе од 3.000 гаражи и други простори во главниот град на Шпанија.
Ботела е сопруга на поранешниот шпански премиер Хосе Мариа Азнар. Таа одобрила предажба преку јавната компанија Емпреса Мунисипал де Вивенда е Суело. Недвижностите биле продадени за 128,5 милиони евра. Судот нагласува дека пазарната цена требало да биде за 22,7 милиони евра повисока.