Земјотрес со магнитуда од 7,2 степена по Рихтеровата скала беше регистриран во јужниот филипински остров Минданао.

Епицентарот на потресот бил на 190 километри источно од градот Генерал Сантос.

Тихоокеанскиот центар за предупредуавње за цунами соопшти дека постои опасност од цунами. Не е под закана американската држава Хаваи, соопштија американските власти.