Венко Филипче го копира стилот на Зоран Заев во меѓународната политика, па во таа насока тој така ноншалантно најавува и нуди компензација на „модерен“ македонски јазик со бришење на придавката МНОГУВЕКОВЕН од „македонски национален идентитет“ во Извештајот за напредокот на Македонија на Томас Вајц во Европскиот парламент. Вака пратеникот и долгогодишен министер за надворешни работи, Антонио Милопшоски во „За или против“ со Љупчо Цветановски ја толкува последната изјава на претседателот на СДСМ, кој целосно во стилот на својот ментор и сива меиненција Заев, добро познат по сервилниот, безрбетен стил на владеење, ја продолжува познатата СДС традиција со нов „на ти го, дај ми го“ идентитетски или во овој случај пазарлук со ПРИДАВКИ.

Деновиве, самиот Филипче потврди дека СДС лобира кај своите сестрински партии во Европа за контра на бугарскиот амандман со небулозната придавка „модерен“ пред македонски јазик во Извештајот за напредокот на Македонија во ЕП, најавувајќи дека компензацијата веројатно ќе биде „тргањето“ на придавката МНОГУВЕКОВЕН пред МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ во текстот на Вајц.

-Венко Филипче се труди во еден дел да го копира стилот на Зоран Заев, кој како претходен претседател на СДСМ му го даде тој кредит за да ја наследи партијата. Би било многу подобро доколку Филипче изгради свој политички идентитет и расчисти, или барем се огради од  тие штетни политики кои ги водеше Зоран Заев и на национално и на економско ниво, но гледам дека нема таков капацитет, за жал, и тоа ќе ни биде проблем, не само во внатреполитичките дебати, туку може да ни ги нарушува позициите и на меѓународен план, вели Милошоски.

-Тука има два политички феномени. Едниот е начинот на којшто Венко Филипче ја доби функцијата претседател на СДСМ. Мислам дека ја доби прилично дарежливо, на сребрена тацна, без премногу да се помачи за да стигне до таа позиција и можеби тоа го прави по ноншалантен во дејствувањето од таа страна и второ, во СДСМ се уште немаат сфатено дека голем дел од граѓаните на последните избори ги казнија токму заради таквата сервилност со која што Македонија ја доведуваат во потчинета позиција, во последниот случај кон соседна Република Бугарија. И затоа ценам, дека ако СДСМ навистина сака да ги послуша граѓаните и да биде покредибилна во тој дел, ако им е тешко да се извинат за претходните грешки, тогаш доволно е да не прават нови грешки и да не ја поткусуруваат позицијата која што македонската влада ја гради и се обидува од онаа ниска и нелагодна позиција до која што бевме доведени како држава на чело со Зоран Заев, Бујар Османи, Маричиќ и Ковачевски, сега се обидуваме да се дигнеме на две-три нивоа погоре,  Венко Филипче може барем да не ја руши таа позиција. Подобро би било, кога оди на некој меѓународен настан, да каже „мојот став е ист со преставниците на државата коишто имаат легитимитет.“ Во Дипломатијата, секогаш кога се обидувате да се поткусурувате со сопствените позиции, тогаш вие сте страната која ќе биде притисната и ќе платите поскапа цена, изјави Милошоски во интервјуто за Тв Алфа.