Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека државата не создава буџетски суфицит за да го намали јавниот долг, туку позајмува за да врати стар долг. Само во следните четири години, посочува министерката во видео од телевизоско гостување објавено денеска на Фејсбук, секоја година ќе враќаме по една еврообврзница, сите издадени од претходната влада. Тоа, потенцира, е наследството што го сервисира оваа влада.
– Државата во овој момент не создава буџетски суфицит за да може да го намалува во апсолутни износи јавниот долг.Како резултат на тоа ние имаме години во коишто имаме големи доспевања на еврообврзница или на државни хартии од вредност, коишто мораме да ги обезбедиме. Тоа значи да позајмиме за да вратиме. Е сега, нас следната година ни доспева 700 милиони евра еврообврзница.Оваа година ни доспеа 500 милиони евра. Тоа се се обврзници коишто ги издаде претходната влада. Па после таа 500 повторно, па 700 милиони. Буквално во четири години ние имаме секогаш еднаш годишно да вратиме некоја еврообврзница којашто ја издала претходната влада, вели Димитриеска Кочоска.
Во Собранието денеска почнува расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.
https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska
фото:МИА архива