Руската тенисерка Марија Шарапова ја украси светската премиера на новиот модел Порше 911 во Лос Анџелес. Русокосата седеше во првиот ред при претставување на култниот спортски автомобил, во што учествуваше и поранешниот пилот на Формула 1 и амбасадорот на Порше Марк Вебер.
Шарапова, исто така, е амбасадор на Порше веќе десет години, вози и рекламира само автомобили од овој бренд. Облечена во луксузен фустан, Русинката го претстави новиот модел, а потоа напиша на социјалните мрежи: „Јас сум среќна!”