Добитник на „Наградата Мето Јовановски за високо актерско достигнување во уметноста на филмот“ е Лазар Ристовски.

Лазар Ристовски е еден од оние актери кои се нарекуваат вистински амбасадори на балканскиот и медитеранскиот филм во неговата апсолутна форма и содржина. Лазар Ристовски е роден во Војводина, во Србија, со потекло од Македонија, има остварено актерски улоги во преку седумдесет филмови, во сите карактери и речиси на сите јазици на овој архипелаг. А домашната публика го памети по блескавите роли во македонските филмови “Јазол“ и “Збогум на дваесетиот век“. Му посакуваме добро дојде дома!, изјавува нашиот режисер, Јани Бојаџи, директор на „Фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО“ и додава:

„Драга публико, филмофили, се гледаме на “Фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО“ кој започнува на 7 ми август, каде што заедно со нашиот лауреат Лазар Ристовски ќе се радуваме на уметноста на филмот под ѕвезденото небо на Дојранското Езеро.
До скоро видување.“

МИА