Присутните на денешниот протест против уставни измени пред Владата, се жалат дека власта повторно се обидела да го попречи собирот и покрај тоа што тој бил уредно најавен.
-И покрај известувањето 48 часа пред одржувањето на мирен собир за јавно изразување протест против промена на Уставот со цел промена на името заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, полицијата повторно, после 15 декември, со сила и закани изврши спречување и смеќавање бината да тргне кон Владата за реализација на протестот. Полицијата го однесе камионот со опремата за бината на технички преглед, на шоферот му се изречени неколку мандатни парични казни, извадени му се табличките со закани да не се појави пред Владата. Бидејќи полицијата ја спречи инсталацијата на кампусот Македонија, учесниците на протестот се упатија на марш по скопските булевари од Владата до Палома Бјанка, оттаму до Мисијата на Европската Унија, па до Ауто-Македонија кон Црвен Крст на Македонија, Собранието и повторно Владата на Македонија, вели Тодор Петров од СМК.
На попречување на протестот и грубо однесување на полицајците реагира и Томче Ширков. Тој рече дека еден од полицајците му го скршил телефонот, за што Ширков ќе поднесе и кривична пријава.
-Хунтата на аболираниот криминалец повторно спречи мирен протест при што беа казнувани превозници; фирми. Одземани и кршени телефони на граѓани. Попречувани граѓани да дојдат на протест. Некој велат хунтата го допре дното. Други велат одамна го допре. Според мене нема дно. Ова е слободен пад во бездна како на македонската држава така и на европската демократија, вели Томче Ширков, револтиран од она што се случувало пред Владата.
И покрај обидите на власта да го попречи протестот против уставните измени за промена на името Република Македонија, протестаните се движеа од Владата, преку седиштето на ЕУ, до Собранието и пак до Владата.