Се здружија сите домашни предавници, штом Бугарија доживеа тежок пораз во АФЕТ! Од плакарот на тајните служби прво го извадија Апасиев. Не им успеа! Па следуваше новата наредба од темните ходници во Софија: Жерновски да биде полигонот преку кој ќе ја започнат новата тура на лаги против премиерот и Македонија.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, чие соопштение го пренесуваме во целост:
Жерновски, внукот на бугарскиот кмет Жерноф, во духот на семејната историја се јави – по којзнае кој пат одработува, јавно и сервилно, за истата таа агенда која сака да го избрише ВМРО од историјата, да го релативизира македонскиот идентитет, и да ја направи Македонија заложник на туѓи интереси.
Но, нема да им успее. Македонскиот народ знае кој се бори за него, а кој тргува со туѓи агенди.
А каква само трагедија е тоа што повторно го потценуваат народот. Тие што ја предадоа и ја продадоа државата, сега, со истиот тој ѓон од образ со кој не потпишаа и не понижија, се осмелуваат да зборуваат за пасоши против оној кој денес со сите сили се обидува да го заштити она што тие го уништија.
Воедно, ја користиме оваа прилика да ја информираме јавноста дека бугарската културно-уметничка инсталација во државата, Андреј Жерновски, има сериозна амбиција да стане нов лидер на СДС. Охрабрен од своите спонзори и внатрешен круг кој тоа повеќе и не го крие, го гледаме како секојдневно е активен со „храбри“ статуси и напади, кои потоа со трчање ги пренесуваат неколку познати медиуми.
Кој ќе биде лидер на СДС – нека си решаваат. Но изборот помеѓу сегашниов и Жерновски е трагедија сама по себе. И за државата. И за демократијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ