Женската репрезентација на Германија синоќа ја победи Франција на пенали во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство.

Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија со резултат 1:1.

Французинките поведоа преку Грејс Гејоро во 15.минута, изедначи во 25.минута.

Во 13-тата минута, при резултат 0:0, Германките останаа со десет играчи откако Катрин Хендрих беше исклучена. Во 40-тата и 57-мата минута, VAR системот ги поништи головите на Франција, а во 69-тата минута, Нискен промаши пенал.

Во изведувањето на пенали, Германките славеа со 6:5.

Германија в среда во полуфиналето на Евро 2025 ќе игра против Шпанија. Во другото полуфинале, во вторник се среќаваат Англија и Италија.

Фото: ЕПА