Франција ќе ја признае државата Палестина во септември на Генералното собрание на ОН, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој на својот Твитер профил објави писмо што му го испратил на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, во кое ја потврдува намерата на Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина.
„Францускиот народ сака мир на Блискиот Исток, од нас Французите зависи да покажеме, заедно со Израелците, Палестинците и нашите европски и меѓународни партнери, дека тоа е можно“, напиша Макрон во писмо до Абас.